Атина, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Фенербахче се блиску до завршниот турнир во Евролигата, откако постигнаа нова победа над Панатинаикос, и по двата меча во Атина водат во четвртфиналната серија со 2-0. Фенербахче во вториот натпревар славеше со 80-75.
На вториот синоќешен дуел ЦСКА Москва поведе со 2-0 во серијата со Баскониа откако во последните секунди од натпреварот славеше со 84-82.
Третите натпревари од оваа серија ќе се одиграт во вторник, во Истанбул и Виториа. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19