Повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улица „Прилепска“
ноември 7, 2024

Охрид, 7. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на улицата „Прилепска“ повеќе часа ќе бидат без вода.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улица „Прилепска“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Нивни екипи се на терен и ќе се работи и во текот на вечерните часови до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука