март 17, 2017

Струга/Дебар, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Уште една сообраќајка се случи во близина на Струга.

Вчера во попладневните часови, во 16.20 часот, на регионалниот пат Струга – Дебар, во селото Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило со австриски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот С.П. од селото Добовјани и товарно возило со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот Л.Ј. од селото Делогожда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле лицата Ш.О. (52) од Охрид и Е.И. (80) од Велешта, кои биле сопатници во патничкото возило. Додека В.П. (25) и К.П. (18), двајцата од Добовјани, се здобиле со телесни повреди.

На повредените им била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, но поради сериозноста на повредите Ш.О. и Е.И. се пренесени во болницата Св.Еразмо Охрид, каде се задржани на понатамошно лекување. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука