Кичево/Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера напладне на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на селото Попоец, лицето А.Г. (37) од Јабланица, Босна и Херцеговина, вработен во градежна фирма, паднал од скелето во висина од околу 19 метри.
Работникот изведувал градежни работи при поставување на метално скеле на мостот во изградба. По падот се здобил со тешки телесни повреди. Бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје и е надвор од животна опасност. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 6