март 23, 2018

Париз, 23. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Франција во наредниот период ќе одигра две пријателски средби со репрезентациите на Колумбија и на Русија.

,,Триколорите” ќе ја пречекаат Колумбија на стадионот ,,Франција” како дел од подготовките за претстојното Светското првенство во Русија, а интересно е што човекот број еден кој е популарен и на теренот и вон теренот, Пол Погба ќе биде закотвен на клупата.

Во почетниот состав за француската репрезентација е предвидено да настапат следните фудбалери Лорис, Сидибе, Варан, Умтити, Диње, Канте, Матуиди, Лемар, Мбапе, Гризман, Жиру.

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп ќе игра со формација 4-4-2, а очигледно е изоставувањето на Погба токму поради тоа што се уште не е целосно опоравен односно не е целосно фит и подготвен за настап за француската селекција. (Крај)

извор: Дерби фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука