Доњецк, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Болница во Доњецк е погодена со артилериски оган, при што биле убиени 15 лица.
Во гранатирањето на едно од главните седишта на проруските бунтовници во источна Украина оштетена е една оближна зграда, како и еден далековод.
Телевизијата RT јавува дека во моментов не е познат бројот на повредените лица, а медицинските екипи се на терен.
Доњецк секојдневно е на мета на артилериски оган, а нападите се интензивираа со почетокот на оваа година, откако пропаднаа преговорите за примирје. (Крај)
извор: ОхридПрес/RT фото: RT
Прочитано: 3