Цирих, 1. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Советот на ФИФА го објави планот за поделба на местата на проширениот фудбалски мундијал, кој почнувајќи од 2022 година ќе брои 48 селекции наместо досегашните 32.
Европа треба да добие 16 места на мундијалите во иднина, Африка ќе добие девет, Азија осум места, додека Јужна Америка и КОНКАКАФ зоната ќе имаат по шест претставници.
Австралија и Океанија ќе имаат едно загарантирано место на СП, додека последните две места ќе бидат поделени плеку плејоф во кој ќе учествуваат шест селекции. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 31