октомври 2, 2022

Охрид, 2. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид информираат за зимското работно време на подружниците.

Почитувани посетители на подружниците на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –  Охрид, Ве информираме дека од сабота, 1. октомври 2022 година, започна зимското работно време:

– Музеј Куќата на Робевци, од 09:00 до 15:30 часот,
– Музеј на вода Заливот на коските – Градиште, од 09:00 до 15:30 часот,
– Самуилова Тврдина, од 09:00 до 15:30 часот и
– Галерија на икони,  од 09:00 до 15:30 часот.

Додаваат дека подружниците работат од вторник до недела и дека понеделник е неработен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука