Охрид, 5. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Инспирирајте се за иднината!“ со неколку настани денеска во Охрид ќе бидат одбележани 30 години партнерство на Република Македонија со USAID.
Настаните ќе се одржуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 17:30 часот. Предвидени се мотивациски говор
– „Партнерството е сила“ со Марта Пејоска, модна ревија – „Рециклирана убавина“ со Ирина Тошева, концерт на џез бендот на Музичката Академија при Универзитетот „Гоце Делчев” и изложба на фотографии „Живот поминат заедно”.
Покрај тоа пред центарот за култура ќе биде откриен муралот „Партнерство за подобра иднина“ од уметникот Енкел Дика, изработен со помош од учениците од средното училиште „Св. Наум Охридски“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31