Доха, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На Мундијалот во ракомет познати се сите учесници во четвртфиналето
. Покрај Франција и Германија меѓу осумте најдобри во светот се најдоа уште и репрезентациите на Данска и Полска.
Полска во дербито на денот ја победи Шведска со 24-20, а Германија без никакви проблеми го совлада Египет и конечниот резултат беше 22-16.
Во скандинавското дерби Данска го демолира Исланд со 30-25, додека Франција без многу мака ја совлада Аргентина со 33-20.
Утре во 1/4 финалето ќе играат Франција – Словенија, Хрватска – Полска, Данска – Шпанија и Катар – Германија.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 3