мај 5, 2018

Охрид, 5. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на одбележување на 7-ми мај – Денот на македонската полиција, денес напладне во Охрид ќе се одржи показна вежба на дел од единиците на Министерството за внатрешни работи.  

Вежбовните активности ќе се одржат во водите на Охридското езеро во близина на градското пристаниште, каде изминативе денови беа изведувани одредени вежбовни маневри.

Заради потребите на показната вежба до 14:00 часот за сообраќај ќе биде затворен кеј „Македонија“ на потегот од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до кружната крстосница на булевар „Македонски просветители“.  На овој потег, забрането е паркирање на патнички и други моторни возила, информираат од СВР Охрид.

Воедно ги покануваат и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на градското пристаниште, од каде ќе можат да ја проследат показната вежба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука