Охрид, 28. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поликлиниката „Интермедика“ оваа Нова година пред себе постави вистинска празнична мисија – да подели многу подароци и да „измами“ бројни насмевки онаму каде се најпотребни.
– Доделивме пакетчиња во Центарот за лица со попреченост „Златни зраци“, во Детското одделение при Општата болница во Охрид и во инклузивната игротека „Радост“ за децата со посебни потреби. Сакавме нашите нови другари да имаат весела и среќна Нова година, информираат од „Интермедика“.
Додаваат дека празниците се денови за дарување, за мир и спокојство во секое семејство, а токму најмладите се оние со најискрени насмевки и во чија иднина и благосостојба вреди и мора сите заедно да вложуваме.
Деновиве преку Супер радио доделија 25 новогодишни пакетчиња за 25 дечиња од Охрид и околината, а дел беа поделени и на дечињата во Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“.
– Да имаме сите заедно уште една весела и незаборавна Нова година и сите празници кои следуваат, потенцираат од „Интермедика“.
Поликлиниката „Интермедика“ е приватна здравствена установа, лоцирана на улицата „Јане Сандански“ бр. 64 во Охрид. Опремена е според најсовремени стандарди со персонал составен од високо квалификувани и професионални медицински лица. Како врвна и квалитетна здравствена установа за главна цел ги има задоволувањето на потребите на пациентите и беспрекорна грижа за нив.
– Работиме како тим со цел да обезбедиме квалитетна нега и услуга на пациентите. Ќе ги искористиме уникатните таленти на експертите со модерна технологија за да обезбедиме широк спектар на услуги. Обезбедуваме високо специјализирана напредна здравствена заштита за пациентите преку применети истражувања, едукација за новите генерации здравствени работници, потенцираат од „Интермедика“.
Повеќе информации на нивната веб страница, како и на нивните профили на социјалните мрежи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива