Охрид, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Полициска службеничка од Охрид заработи парична казна, соопшти МВР.
Оттаму појаснија дека М.В. инаку водич на безбедносен реон во полициската станица за безбедност на патниот сообраќај изнела од работа доверлив службен материјал. Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка биле донесени 41 решенија против исто толку вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.
На најголем дел од санкционираните или на вкупно 38 вработени им е изречена мерка „парична казна”, на еден вработен мерка „запирање на постапката“, и на еден вработен мерка „писмено предупредување”.(Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 10