Охрид, 5. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат 13 години од најголемата бродска несреќа во Охридското Езеро, кога потона бродот „Илинден“.
По тој повод, денес делегација од Бугарската амбасада во Скопје, претставници на локалната самоуправа, Капетанијата од Охрид и граѓански здруженија положија свежо цвеќе на меморијалниот споменик, посветен на жртвите.
Несреќата со бродот „Илинден“ се случи на 5-ти септември 2009 година. Превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, а потона на 250 метри од брегот, при што загинаа 15 бугарски туристи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 39