Џакарта, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На жената осомничена за смртта на Ким Јонг Нам ѝ биле платени 90 долари за убиството, а верувала дека станува збор за шега, наведуваат властите во Индонезија.
Ким Јонг Нам, братот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, го нападнале две жени. Тој бил убиен со нервниот гас Ве икс. Се работи за забранета отровна супстанца без вкус и мирис, која од страна на ОН е класифицирана како оружје за масовно уништување. Експертите наведуваат дека само една капка од тој нервен агенс може да убие за неколку минути. Се истражува како отровот е внесен во Малезија.
Властите во Куала Лумпур се сомневаат дека зад убиството на Џонг Нам стои Севернокорејската влада. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 26