март 31, 2017

Мајами, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Роџер Федерер и Ник Кирјос ја формираа втората полуфинална двојка на Мастерс турнирот во Мајами.

Швајцарецот Федерер во меч кој траеше два часа, по голема борба успеа да го победи Томаш Бердих со 2:1 во сетови ,6:2, 3:6, 7:6.Младите ѕвезди Ник Кирјос и Александар Зверев во последното четвртфинале играа два часа и 36 минути  но победата му припадана на австралиецот Кирјос кој победи со 6:4, 6:7, 6:3.

Од претходно е познато дека првиот полуфинален пар е составен од Рафаел Надал и Фабио Фоњини, а полуфиналните пресметки ќе се играат вечерва.

Кај дамите во финалето ќе играат Јоана Конта и Каролина Вознацки. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука