Охрид, 31. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Поминете еден ден без тутун“, осмоодделенците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид од Охрид спроведоа кампања против пушењето во која ја истакнаа негативната страна на оваа зависност.
Младите активисти изработија пароли и флаери и ги разделија низ градот. Нивната порака е јасна: „Децата не се виновни што еден ден ќе станат пушачи, таков пример им давате.“
Тие испраќаат голема благодарност до граѓаните кои покажаа интерес за оваа кампања и несебично соработуваа со учениците. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ООУ „Св. Климент Охридски“
Прочитано: 40