Далас, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лошото време пак влијаеше на воздушниот сообраќај во САД. Над 1600 летови беа откажани во последното деноноќие.
Се очекува стихијата да продолжи кон државите Кентаки и Западна Вирџинија.
Гувернерот на Западна Вирџинија нареди мобилизација на резервистите од Националната гарда и предупреди за евентуалните снежни врнежи, дожд и поплави, кои ќе следат по очекуваното покачување на температурите.
Прогнозите за лошото време предизвикаа откажување на 1645 летови на меѓународниот аеродром Далас – Форт Ворт. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива
Прочитано: 5