Струга, 6. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда при семејно насилство“.
На 5-ти август годинава во семејниот дом по нарушени семејни и нерасчистени имотно правни односи, дошла до вербална и физичка расправија помеѓу браќата О.Н. (31) и Т.Н., при што во еден момент Т.Н. со џебен патент нож му нанел повреди во пределот на стомакот на неговиот брат, по што избегал од местото на настанот, додека повредениот бил пренесен на хирушко одделение при Медицинскиот Центар во Струга каде му биле констатирани тешки телесни повреди. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 7