Охрид, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради прекин на оптички кабел, денес не се достапни услугите на Македонски Телеком во Охрид и Ресен.
– Нашите екипи работат на отстранување на проблемот за да можат корисниците непречено да ги користат услугите, информираат од Македонски Телеком.
Тие не посочуваат кога ќе биде отстранет дефектот. Неофицијално, зафатот треба да зврши во текот на попладневните часови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 91