Торино, 6. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Масимилијано Алегри веројатно по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Јувентус и ќе седне на клупата на некој странски клуб.
„Старата дама“ идното лето ја очекува и мала реконструкција на играчкиот кадар, бидејќи дуелот со Реал Мадрид во вторникот во Лигата на шампионите, покажа дека треба дојде свежа и пред сè млада крв, а тоа особено важи за одбраната.
Италијанските медиуми веќе почнаа со шпекулации кој тренер би можел да го наследи Масимилијано Алегри, бидејќи Јувентус пред да доведе нови фудбалери, сака да го реши прашањето за новиот тренер.
Дидие Дешамп е еден од главните кандидати, особено што е поранешен фудбалер на торинскиот тим, а една сезона беше и на клупата, кога „бјанконерите“ беа исфрлени во Серија Б по „Калчополи“ скандалот во 2006 година. (Крај)
извор: Спорт 1 фото: архива