Ратинген, 27. април 2018 (ОХРИДПРЕС) –Еден од најискусните играчи во ракометната репрезентација на Македонија, Ацо Јоновски, нема да може да им помогне на соиграчите во бараж мечевите за пласман на Светското првенство.
Како што информираше неговиот клуб Ратинген, специјалистот за одбрана се здобил со повреда на градниот кош на еден од лигашките наптревари и се очекува да мирува во наредните три месеци. Ова значи дека за него сезоната е завршена, а воедно дека нема да може да и помогне на Македонија за бараж двомечот против Романија за пласман на Светското првенство во 2019 година.
Овие дуели се на програмата во првата половина на месец јуни што значи селекторот Раул Гонзалес ќе мора да најде друго решение во дефанзивата со кое ќе се покрие отсуството на Јоновски. (Крај)
извор: Дерби фото: архива