Скопје, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во 89-тата година од животот, по кратко боледување, ноќеска почина истакнатиот поет и академик Матеја Матевски.
Матевски е роден во Истанбул во 1929 година, детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Работел како наставник по македонски јазик, а потоа бил новинар во Радио Скопје.
Бил генерален директор на Радиотелевизија Скопје, членувал на Друштвото на писателите на Македонија и во МАНУ, а беше и претседател на Академијата во 2001-2004.
На јубилејното, 50-то издание издание на Струшките вечери на поезијата во 2011 година, Матевски го доби „Златниот венец“.
Творештвото на Матевски беше претставено и на традиционалната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која во август се одржува во Охрид.
Автор е на стихозбирките: „Дождови“, „Рамноденица“, „Перуника“, „Круг“, „Липа“, „Раѓање на трагедијата“, „Оддалечување“, „Црна кула“, „Завевање“, „Мртвица“, „Внатрешен предел“, „Заминување на светулката“ .
Погребот на академик Матеја Матевски ќе биде извршен утре во 12:00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје. (Крај)
извор: Скопје инфо/ОхридПрес фото: архива