Лондон, 15. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 46-годишна возраст, денес во Лондон почина пејачката на групата The Cranberries Dolores O’Riordan.
Дамата со прекрасен глас, која заедно со бендот во 90-тите ја задолжи светската музичка сцена со хитови како „Linger“ и „Zombie“ е родена во градот Limerick во Ирска.
Според официјалното соопштение, таа починала во Лондон, каде снимала во локално студио.
Повеќе детали не се соопштени, а медиумите ја пренесуваат изјавата на член на семејството дека „се скршени од болка и бараат приватност во ова тешко време за нивното семејство“. (Крај)
извор: BBC фото: BBC
Прочитано: 3