Скопје, 16. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По тешко боледување, синоќа почина Абдилаќим Адеми.
Тој беше министер за образование и наука, министер за животна средина и просторно планирање а извршување и други високи државни функции.
Абдилаќим Адеми беше роден на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево. Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали.
Адеми беше оженет и татко на еден син.
Ќе биде погребан денеска на пладне на гробиштата во неговото родно село Шемшово во Тетово. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 27