Прага, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) –Легендарната чешка тенисерка Јана Новотна почина во 50 година по долгата и тешка битка со ракот.
Новотна најголемиот успех во кариерата го оствари 1998 година кога го освои Вимблдон. Имаше уште 12 Грен слем титули во двојки и четири во микс.
– Јана беше инспирација, и на терен и надвор од него, за сите кои имаа можност да ја запознаат. Нејзината ѕвезда засекогаш ќе сјае во историјата на ВТА, изјави Стив Симон, извршен директор на ВТА.
Новотна во 2005 година влезе во Меѓународната тениска куќа на славните. (Крај)
извор: Плусинфо фото: архива
Прочитано: 6