октомври 27, 2017

Плоцк, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Машката ракометна кадетска селекција на Македонија вечерва ќе го има својот прв официјален меч под водство на Данило Брестовац, а тоа ќе се случи во Полска, каде што ривал ќе биде селекцијата на Белорусија.

Мечот е предвиден за 18 часот и тоа ќе биде прво претставување на новите момци коишто се очекува да бидат предводени од страна на Серафимов, кој засега покажува најмногу на теренот.

Белорусија е ривал против кој се очекува Македонија да покаже до каде се стигнало со работа иако немаше многу простор во минатите неколку дена. Сепак, и она малку време ќе треба да се искористи најдобро што може така што денеска ќе се види каде ќе треба да се поправа на следните два меча.

Пред мечот меѓу Македонија и Белорусија на терен ќе истрчаат и Полска и Чешка, а тоа се следните два ривали на овој турнир во Плоцк.

Еве го распоредот на натпревари:

27.10. (18:00) Македонија – Белорусија
28.10. (13:00) Македонија – Полска
29.10. (11:00) Чешка – Македонија. (Крај)

извор: 24ракомет.мк фото: спортмедиа

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука