Охрид, 26. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, бил донесен 47-годишниот С.Б. од Охрид со тешки телесни повреди во пределот на главата и ребрата.
– Поради сериозноста на повредите, С.Б. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. С.Б. додека изведувал градежни работи на покрив, демонтажа на лесонитни табли, во еден момент паднал од покривот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 27