Охрид, 4. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на Христовото раѓање – Божик годинава по петти пат ќе се одржи традиционалната Бадникова поворка.
Поворката ќе се одржи во сабота, 6-ти јануари, во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид, а под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски.
Учество ќе земат околу 400 деца. Почетокот ќе биде во 10:30 часот од црквата „Св. Ѓорѓи“, по улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“, во 11:30 часот ќе пристигне на плоштадот „Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Стојаноски, на децата коледарчиња ќе им подели Божиќни подароци. Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Успение на Пресвета Богородица- Каменско.
Во чест на Христовото раѓање – Божик, на градскиот плоштад е поставена макета на пештерата која го наговестува денот на Христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од Рајчица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива