Скопје/Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 16 јуни во Скопје започнува меѓународниот уличен фестивал- Баскерфест.
По 12-ти пат, традиционално во Скопје, но и во другите градови низ Македонија ќе се одржи „Баскерфест“, фестивалот кој под отворено небо нуди бесплатна забава за сите возрасти.
По традиција, за време на гостувањето на фестивалот во Охрид, на локации на Градскиот плоштад ќе се претстават атрактивни баскер изведувачи од целиот свет.Се очекуваат настапи и спектакли на над 50 артисти од различни земји, многу музички точки и баскер работилници, како и катче за најмладите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28