Охрид, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бистро Корнер ја објави својата агенда на настани по повод новогодишните праници.
Во петок, на 29-ти декември забавата започнува од 17:00 часот со afterwork забава и настап во живо на стружаните Андреј и Цвијо. Забавата од денска преминува во ноќна со настап на Дј Крејзи Славе.
На 30-ти демеври, денеската забава започнува од 13:00 часот со сет на Дј Крејзи Славе. Ноќната забава ќе биде во рацете на кавадарчаните „Congas and guitars“.
На 31-ви декември повторно имаме целодневна забава. Дневниот дел од програмата започнува со ДЈ Крејзи Славе, а ќе кулминира вечерта со настапот на „Balkan Jam“.
Влезниците се во ограничен број и се однесуваат само на новогодишната вечер. Зaинтересираните може да ги резервираат веднаш по цена од 300 денари, а за присутните се најавени многу изнанадувања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес