април 29, 2018

Охрид, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Овој вторник, 1-ви мај, Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираа од Министерството за труд и социјална политика.

Денот на трудот се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго.Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во Македонија до 2006 година тој се празнуваше на 1-ви и 2-ри мај, но од 2007 година се празнува само на 1-ви мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука