Скопје/Охрид, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ќе се доделуваат субвенции за рибарство, при што со 1,5 милиони евра во 2017 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
За порибување на Охридско Езеро со подмладок од Охридска пастрмка се предвидени 10 милиони евра.
Најголем дел од финансиската поддршка е наменета за инвестиции во рибниците, за нови капацитети и за продадената риба на пазарот. Исплатата на парите ќе се врши по реализирањето на активностите, а ќе се добиваат со склучување на договор со министерството и поднесен бизнис план. (Крај)
извор: МРТВ фото: архива
Прочитано: 37