февруари 8, 2018

Охрид, 8. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе биде презентиран проектот „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”.

Според најавите на настанот ќе се обрати градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, заменик градоначалникот на Поградец, Авдула Цано, координаторот на програмата за прекугранична соработка при Делегацијата на Европската унија, Елвис Али, претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков и други.

Презентација на планираните проектни активности ќе одржи Антонио Додевски, проектен менаџер.

Pokana(1)-page-001

Настанот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, со почеток во 13:00 часот.

Проектот е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програмата за прекугранична соработка, а ќе биде имплементиран од: National Center fot Environment, Tourism and Sustainable Development од Поградец, Република Албанија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука