Охрид, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид.
Екипи на МЈП „Проаква“, Работна единица „Водовод“ ќе работат на терен на интервенција на водоводна линија на ул. „Јане Сандански“. Поради работата на терен, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица, како и на улиците: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Никола Карев“, „8-ми Септември“, „Карпош Војвода“ и „Сирма Војвода“.
Прекинот ќе трае до 15.00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24