Прекрасен сплет од три познати охридски авторски песни на маестро Џеват Рамаданоски и група „Чардак“
ноември 13, 2024

Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски музичар и врвен виолинист во групата „Чардак“ Џеват Рамаданоски издаде уште едно прекрасно парче музика.

Станува збор за сплет од три познати охридски авторски песни и тоа „Ој ти момче охриѓанче“, „Ех, да свири Садило“ и „Во Охрида града“, на кои маестро Рамаданоски, заедно со групата „Чардак“ им даде сосема нова димензија.

– Охрид, нашиот убавец од град, опеан во песни во минатото и денешницава. Овој пат ги издвоивме (споивме) овие три прекрасни песни, порача во објавата Рамаданоски.

Џеват Рамаданоски е охридскиот звук на виолината, а заедно со групата „Чардак“ се секаде каде има насмеани и позитивни луѓе со мерак за убава песна, храна и пијалок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Џеват Рамаданоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука