мај 21, 2018

Скопје, 21. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Зоран Заев не е виновен во случајот „Поткуп“ и е ослободен од обвнинение.

Денеска во скопскиот Кривичен суд беше објавена пресудата за овој случај.

Во читањето на пресудата судијата Дарко Тодоровски наведе дека јавниот обвинител не успеа да докаже дека обвинетиот Заев го сторил делото што му се ставаше на товар и од тие причини донесе ослободителна пресуда.

Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на општина Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука