Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во официјална посета на Охрид
декември 6, 2024

Охрид, 6. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши денеска ќе престојува во официјална посета на Охрид.

Според информацијата од неговиот кабинет, тој ќе се сретне со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, ќе оствари посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните во Охрид, а ќе го посети и семејството Филеви, кое се занимава со изработка на охридски бисери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука