Охрид, 24. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хит претставата „Аналфабет“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески утревечер на репертоарот на Народниот театар Охрид.
Во главните улоги настапуваат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.
Претставата ќе се одигра на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот.
Новина е тоа што студентите ќе може да ја гледаат претставата бесплатно, со приложување на индекс при подигнување на картите.
Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е препорачлива за лица на возраст под 14 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 2