Охрид, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – По премиерата и првата реприза на новата претставата на Охридскиот Народен театар, насловена „Аналфабет“, во рамките на редовиот репертоар, ќе се прикажува и претстојниот викенд.
Прикажувањата ќе бидат на 7 и 8 април со почеток во 20 часот.
Претставата е работена според комедија на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.
Картите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба. Претставата не е наменета за лица помлади од 14 години, бидејќи се користат пиротехнички средства. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20