Охрид, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на редовниот репертоар на Народен театар Охрид, во вторник, 18 април, повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“.
Станува збор закомедија работена според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од 14 години. Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид со почеток во 20 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19