Охрид, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во среда во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се игра премиера на претставата „Буре барут“.
– Претставата е проект на Јован Цветкоски, кој е и режисер на делото. Играат млади актери од НАТГ „Аматер“ и други млади ентузијасти од Охрид и Скопје, информираат организаторите.
Претставата ќе се игра на малата сцена при Домот на културата со почеток во 20:00 часот. Реприза ќе се игра на истата сцена во четврток, на 2-ри март со почеток во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31