Охрид, 4. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – По премиерната изведба на фестивалот „Охридско лето“ и двете септемвриски репризи, претставата „Секс, лаги и љубомора“ на охридскиот Народен театар, дело од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно пред охриѓани.
На репертоарот ќе биде повторно во четврток и петок, на 13-ти и 14-ти октомври 2022 година. Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.
Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива