септември 6, 2022

Охрид, 6. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – По премиерната изведба на фестивалот „Охридско лето“, голем интерес за претставата „Секс, лаги и љубомора“ на охридскиот Народен театар, дело од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски.

На репертоарот ќе биде повторно денеска, вторник на 6-ти и среда, 7-ми септември 2022 година, со почеток во 20:00 часот. Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.

– Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од Народен театар Охрид.

Билетите по цена од 200 денари се продаваат на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефони за резервации: 046/261-063 и 075/283-066. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука