Скопје, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Црвениот крст на Република Македонија утре ќе го организа првиот иницијален состанок за Проектот „Креирање на можности за нови вработувања на жената“.
Проектот е во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4), финансиран од Европската Унија, а се имплементира во партнерство со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст.
Целта на состанокот е да се претстават целите на проектот, врз основа на кои ќе се имплементираат активности во текот на 2017 година.
Состанокот ќе се одржи утре со почеток во 11,00 часот во просториите на Црвениот крст на РМ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38