Охрид/Кичево/Скопје, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Најранливи на студот се бездомниците.
Во соработка со Министерството за образование и наука, за привремено сместување на бездомни лица ќе бидат отворени и средношколските интернати во останатите градови во земјава.
Засега за Југозападниот регион функционира прифатен центар во Кичево.
И телефонскиот број 195 ќе биде во функција 24 часа, на кој ќе можат да побараат помош сите што се во социјален ризик и што ќе треба да бидат привремено згрижени. На телефонскиот број секој може да пријави бездомник или лице што е загрозено од студот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 3