јануари 16, 2018

Охрид, 16. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 56-годишниот А.Х. од Охрид.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 13-ти овој месец, околу 17:00 часот на улицата „Даме Груев“ во Охрид. Тој, откако го забележал својот роднина, 61-годишниот У.Х. како се движи по улицата, излегол од својата куќа и веднаш го нападнал со нож задавајќи му неколку удари во пределот на лицето. Натамошниот тек на нападот бил спречен од случајни минувачи по што, повредениот У.Х. итно бил пренесен во Општата болница во Охрид каде биле констатирани тешки телесни повреди на лицето и  десното око. Поради сериозноста на повредите, тешко повредениот со возило на итната медицинска помош е префлен на клиниките во Скопје, информираат од СВР Охрид.

Судија на претходна постапка, на А.Х. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука