Струга, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.
– На 19-ти септември 2024 година, во двор на куќа во селото Мислешево, пријавениот одзел мопед, кој подоцна бил пронајден во нива на патот за селото Волино, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 113