Скопје, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација го одржа последниот тренинг во пресрет на денешниот контролен натпревар против селекцијата на Белорусија.
По победата во Лихтенштајн, во репрезентацијата сите сакуваат триумф над Белорусија, кој дополнително би ја кренал самодовербата за преостанатите квалификациски натпревари и би ни донесол подобра ранг позиција на ФИФА листата.
Илија Несторовски кој постигна два гола против Лихтенштајн се надева на нова добра игра и против Белорусија и верува дека Македонија по подолго време ќе победи на два натпревари во низа.
Пријателскиот натпревар Македонија-Белорусија ќе се одигра денеска во Скопје со почеток во 18 часот, на Националната арена. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 40