Скопје, 07. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската репрезентација на Македонија на 28.март ќе одигра пријателски меч против селекцијата на Белорусија во Скопје.
Претходно на 24.март избраниците на селекторот Игор Ангеловски на гости ќе играат против Лихтенштајн во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија.
Селекторот вели дека е задоволен од формата и настапите на нашите репрезентативци,посебно од гол формата на Илија Несторовски и Иван Тричковски. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: ФФМ
Прочитано: 20